14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДодека другите резервираат за на море, Општина Битола среде април објави повик...

Додека другите резервираат за на море, Општина Битола среде април објави повик за новогодишно украсување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општина Битола објави јавен повик за избор на идејно решение за новогодишно украсување на градот за новата 2024 година, иако до декември има уште седум месеци.

<

Повикот е наменет за сите креативи граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот кај Старата чаршија, Широк сокак од Саат кула до улица Партизанска и на сите кружни текови во градот.

Секој учесник, односно група на учесници може да учествува во повикот со поднесување на идејнo решениe за сите наведени локации. Идејното решение се доставува на електронската адреса: [email protected] најдоцна до 15 мај 2023 година (15:30 часот). Во прилог на идејното решение потребно е да бидат наведени податоци за подносителот – име и презиме, контакт телефон.
Понудувачот согласно расположливите материјали кои ќе можат да се набават/изработат во државата, ќе треба да достави скици со изглед, димензии, бои, тип и моќност на светлосен детал прицврстен на украсот/групата на украси, можност за приказ на слики во електронска форма на изработениот украс/група на украси за соодветната локација, предмер-пресметка за материјалите и работните активности со реални цени на пазарот и слично“, се вели во јавниот повик.

Согласно критериумите за избор, идејните решенија треба да бидат уникатни со концепт, да бидат креативни и да не потсетуваат на веќе изведени решенија, да бидат лесно изводливи и да не бидат скапи за изведба, декоративните елементи и украси кои треба да се приклучат на струја да бидат опишани од технички аспект (материјал, активност и време на изработка, начин на прицврстување/монтажа, маса, моќност на потрошувачка, начин на електрично поврзување и степен на заштита).

Пристигнатите идеи ќе бидат разгледувани од страна на посебна Комисија формирана за оваа намена од страна на Градоначалникот на Општина Битола, а најдобрите 3 решенија ќе бидат парично наградени со 180.000 денари за прво место, втората награда ќе изнесува 80.000 денари, а третата 40.000 денари.
Извор: А1 он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...