22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев оддаде почит на гробот од Енвер Оџа во Албанија

Апасиев оддаде почит на гробот од Енвер Оџа во Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛЕВИЦА ВО ТИРАНА ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ГРОБОТ НА АЛБАНСКИОТ ДРЖАВНИК ЕНВЕР ХОЏА

<

🔻Денес (11 април 2023), по повод 38 годишнината од неговата смрт, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – м-р Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот државник, партизан и комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна.

Како посветен и антиревизионистички левичар, Хоџа е основоположник на современата албанска држава и прв секретар на ЦК на Комунистичката партија на Албанија (подоцна преименувана во Партија на трудот), која беше основана со југословенска и советска поддршка. Овој француски студент стана симболот на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација, делувајќи како политички комесар на Народно-ослободителната армија на Албанија.

Под неговото четиридецениско владеење, Република Албанија, која беше оставена во руини после укинувањето на монархијата, зачекори кон изградба на нови темели: беше изградена првата железничка пруга на нејзина територија, земјата почна со забрзана електрификација, беа искоренети низа епидемиски болести, стапката на писменост беше зголемена од 5% на 90%, државата стана земјоделски независна земја преку колективизација на плодното земјиште, а беше извршена и радикална секуларизација на религијата. Тој водеше беспоштедна борба против локалните великопоседници, клерот и племенските старешини, кои го држеа народот во класна потчинетост и незнаење. За време на неговиот живот успеа да ја трансформира Албанија од полуфеудален вилает на Отоманската империја во индустријализирана планска економија.

Како тогаш, така и сега искрената соработка помеѓу слободните балкански народи е можна само преку левичарски политички партии, во услови каде што народите од регионот ќе развиваат рамноправни општества, во хармонија и стабилност, без странско империјалистичко влијание од надвор и корумпирани квислиншки структури од внатре.

〽️Новите геополитички прилики кои ги живееме, наговестуваат време на големи промени кон подобро и конечно ослободување на народите од Балканот од уназадувачкото слугување на туѓи интереси. Левица, во духот на интернационализмот, смета дека вистинската политичка еманципација и соживот помеѓу народите е можен само преку доследна социјалистичка платформа која ќе ги елиминира сите појавни форми на експлоатација и класно угнетување на соседните народи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...