18.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаПредупредување: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на...

Предупредување: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предупредување: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

<

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.
——————-

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...