2.9 C
Ohrid
понеделник, април 7, 2025
ПочетнаСветБосанец лажно се претставувал како полицаец, ги запирал возачите и ги прашувал...

Босанец лажно се претставувал како полицаец, ги запирал возачите и ги прашувал што пиеле

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мехо М.(29) од Босна и Херцеговина е осуден на условна казна од половина година затвор затоа што претставувајќи се дека е полицаец, запирал возачи кои ги идентификувал и ги прашувал дали нешто консумирале, пишуваат медиумите во регионот.

<

Општинскиот суд, постапувајќи по обвинението на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон го осуди за продолженото кривично дело лажно претставување.

Обвинет е дека минатата година ноќта меѓу 12 и 13 ноември прво се претставувал како полицаец на регионалниот пат Прњавор – Нови Шехер во градот Вуково.

Го запрел А.Ј. и се претставил како полициски службеник и од него побарал возачка дозвола и потврда за регистрација на возило и притоа пријавениот се обидел да изврши претрес на неговото „бмв“.

Полицаецот според написите, се упатил во правец на Тешањ, па на главниот пат Добој – Теслиќ повторно тргнал на „работа“.

Таму запрел автомобил управуван од М.Ј., по што се претставил како полициски службеник и од возачот побарал возачка дозвола и потврда за регистрација.

Потоа му се обратил:

„Дали пиевте нешто. Ајде, имам среќа што те познавам“, му кажал..

Збунетиот возач продолжил кон Добој.

Со овие дејствија пријавениот сторил продолжено кривично дело лажно претставување и му е изречена условна казна, а казната нема да му се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски за пожарот во Кочани: Ако мислите дека треба од морални причини да си поднесам оставка, еве ќе го сторам и тоа…

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали јавноста може да очекува обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ да бидат и актуелни функционери и високо позиционирани...

Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

Поранешниот премиер и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски,честитајќи го денешниот роденден на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ објави своја фотографија стара 19 години. Поранешниот...

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што се случувало таа кобна...

Тој се заблагодари на медицинските тимови на трите болници за кои вели дека го спасиле и му помогнале да застане на нозе, но и...

Венко Филипче победник на внатре партиските избори, никој не гласал против иако имало 139 неважечки ливчиња.!!!

Филипче со 18.001 глас официјално избран за претседател на СДСМ, немало никој против, а има 139 неважечки ливчиња Венко Филипче официјално е избран за претседател...