16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонска државна и црковна делегација преземаa Благодатен оган во Ерусалим за верниците...

Македонска државна и црковна делегација преземаa Благодатен оган во Ерусалим за верниците и нашата православна црква

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државна делегација на Република Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа Оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА.

<

Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.

На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, присуствуваат голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, присуствуваат претставници на македонска државна и македонска црковна делегација.

Целта на упатувањето на делегациите во Ерусалим е чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, коешто се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение.

И покрај оградата на науката, поради натприродниот карактер на појавата, со векови, присутните сведочат за доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, што го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат.

Церемонијата на преземање на Благодатниог оган е посветена на празнување на Светата светлина, што се смета за величествен момент којшто ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто чин присуствуваат христијани од целиот свет.

Македонската државна и црковна делегација по завршувањето на свечената церемонија се враќаaт во Скопје, пренесувајки го во фенер Благодатниот оган од Ерусалим.

На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација е предвидено, со почести да ги пречекаaт претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и свечената црковна делегација на МПЦ-ОА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...