0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 30, 2024
ПочетнаМакедонијаПРОМОВИРАНА АУДИОКНИГАТА „ОВА НЕ Е КРАЈ“ ПОСВЕТЕНА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

ПРОМОВИРАНА АУДИОКНИГАТА „ОВА НЕ Е КРАЈ“ ПОСВЕТЕНА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

spot_img

Денеска беше промовирана аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, од страна на Националниот сојуз на слепите како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот. Министерството за култура со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите зашто посветено работиме на спроведување на нашите политики за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид – рече министерот за култура Хусни Исмаили. На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 ОктомвриСветскиот ден на Белиот стап се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа
промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“.За потсетување Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) — познат
македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што еМузичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.
Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите
бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17октомври, е прогласен за Ден на национална жалост.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца македонски доктори од европа размислуваат да се вратат во земјава

Прашан колкава оценка Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои бараат лекари, рече...

ИЈЗ препорачува да намалите со алкохол за празниците

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. – За време на празниците, луѓето се опуштаат во...

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици.

Деновиве во Велгошти се одвиваат активност за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици. Вкупната должина на асфалтирани краци изнесува 320 метри. Вредноста на...

20.000 денари за најдобриот полицаец Кристијан Митковски

КРИСТИЈАН МИТКОВСКИ Е НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ ВО 2024 ГОДИНА. Утрово имав средба со командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба Саше Стоилевски и полицискиот...