18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот за здравство слушнал дека анестезиологот на работа одел под дејство на...

Министерот за здравство слушнал дека анестезиологот на работа одел под дејство на наркотици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тик-ток анестезиологот од тетовската болница кој се соочува со постапка за одземање на лиценцата и претходно имал контроверзно однесување на работното место. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека до него стигнале непотврдени информации дека анестезиологот на работа доаѓал под дејство на наркотични средства, ама нема како тоа да го потврди зашто во болницата во Тетово немало формирано дисциплинска комисија до пред две недели и установата функционирала на таков начин без да се разгледува дисциплински однесувањето на лекарите.

<

На новинарско прашање дека има непотврдени информации за претходно несовесно однесување на анестезиологот, односно дека на работа доаѓал под дејство на наркотици Меџити рече:

Токму така, непотврдени информации и јас ги добив како вас. Нема ништо запишано, никаква постапка покренато досега дисциплинска досега, не знам зошто. Тоа што можам да го споделам со вас е дека до пред две недели немало ни дисциплинска комисија во таа болница. Не знам зошто така било. Отсега натаму со мене во министерството за здравство и со мојот тим работите нема вака да продолжат. Ќе се решат во истиот момент и најстрого ќе се санкционираат, рече Меџити.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...