33.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Универзитетот во Корча од идната академска година ќе може да се...

На Универзитетот во Корча од идната академска година ќе може да се изучува македонскиот јазик и култура

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од идната 2023/2024 академска година на Универзитетот “Фан С. Ноли” во албанскиот град Корча, на катедрата за албански јазик ќе може, како подпредмет(по избор) да се изучува македонскиот јазик и култура.

<

Ова го соопшти Јонела Спахо, деканка на Педагошкиот факултет во Корча при посетата на Пустец, претставувајќи ја новата програма “Албански јазик и книжевност и јазикот и култура на малцинствата”.

– Чест ми е што сум денеска со вас и што тука гледам и мои поранешни студенти кои имаат дипломирано на Универзитетот “Фан С. Ноли” и сега работат како наставници во Преспа. Студентите од македонската заедница отсекогаш биле меѓу најдобри студенти на нашиот Универзитет. Минстерството за образование и спорт на Албанија оваа година ја одобри програма „Албански јазик и книжевност и јазикот и културата на малцинствата” со што и припадниците на македонската заедница во Албанија ќе имаат можност покрај албанскиот јазик и книжевност да го изучуваат и македонскиот јазик и култура, како втор предмет и се здобивијат со диплома, рече деканката.

Иницијатори за отворање на оваа програма и изучување на македонскиот јазик и култура при Универзитетот “Фан С. Ноли” во Корча, како што посочи таа, се македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски и нашиот колега, професорот Васил Стерјовски кои во последните две години упорно ја туркаа ова иницијатива”.

– На сите многу добро ви се познати заслугите на Васил Стерјовски за македонската заедница во правец на образованието, социо-економскиот развој и други правци и чест ни е што го имаме ангажирано за професор при Универзитетот “Фан С. Ноли”, изјави Јонела Спахо.

За Стерјовски отворањето на оваа прогама е од големо значање за припадниците на македонската заедница во Албанија и посебно за македонската заедница во округот Корча, на која сега и се дава можност македонскиот јазик и култура да го изучуваат при Универзитетот “Фан С. Ноли” во Корча.

-До пред неколку година при Универзитетот во Тирана функционираше лекторат на македонски јазик и се прават напори и таму повторно да профункционира лекторатот, но ова е првпат да имаме посебна програма каде може да се изучува македонскиот јазик и култура на високообразовна институција во Албанија.

Студентите кои ќе се запишат и дипломираат на оваа програма ќе бидат поконкурентни на пазарот за вработување не само во образовниот процес, но и во други области, рече Стерјовски.

Посочи дека Универзитетот во Корча располага со најдобрите современи услови за студирање.

-Ве поканувам да го посетите Универзитетот “Фан С. Ноли” и самите да се уверите за условите за студирање. Ги повикувам матурантите во што поголем број да се запишат и од новата академска учебна година да почне со имплементација оваа програма, порача Стерјовски.

Според него, професорскиот кадар ќе биде обезбеден во соработка со Педагошкиот факултет од Битола.

Почетокот со реализација на програмата го поздрави и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, додавајќи дека и самиот дипломирал на овој Универзитет и ќе им помогне на сите ученици од македонската заедница кои ќе се запишат на оваа програма.

Вети, исто така, дека ќе организира посета на учениците од средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиовски” од Пустец на Универзитетот во Корча.

На презентацијата на програмата присуствуваа и ученици и професори од гимназијата во Пустец.

Вера Тодоровска-Македониум

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...