17.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Договорот не го криеме, ама не може да се види

Ковачевски: Договорот не го криеме, ама не може да се види

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју на Сител телевизија, истакна дека договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за изградбата на коридорите 8 и 10д има ниво на доверливост, но тоа не значи дека некој нешто сака да сокрие. Ковачевски потсетува на обврзувачките процедури кои ги има во секој вид договор, односно за нивото на доверливост. Тој истакна дека инфраструктурното делување во нашата држава е поддржано и од страна на амбасадата на САД. Договорот како што рече премиерот ќе го добијат пратениците и ќе се уверат дека се запазени сите законски процедури. Премиерот во интервјуто појаснува дека договорот е достапен до сите оние инстанци кои имаат право да го добијат согласно постапките и процедурите во државата.

„Амбасадата на САД поддржува, исто како што јас поддржувам американски и компании од ЕУ како и од наши партнерски држави да бидат дел од нашите инфраструктурни проекти. Токму Бехтел е една од најголемите американски компании во делот на инфраструктура. Самиот договор е правен врз основа на специјалниот закон и врз основа на запазување на сите процедури. Комитетот којшто работеше на подготовка на договорот и сите ресорни министерства ќе им бидат на располагање на пратениците, исто како што беа на располагање на медиумите во два наврати преку детални брифинзи да го објаснат. Истото тоа ќе се направи и за експертската јавност и за невладините организации. Целта ни е сите да се уверат дека се работи за проект којшто прво е најголем проект, има огромно значење и заедно со другите проекти ќе има позитивен ефект на македонската економија. Овие инвестиции на годишно ниво ќе значат најмалку 2% зголемување на БДП на државата, зголемување на вработеноста бидејќи голем број на вработени ќе работат на овој проект. Зголемување на економската активност во голем број на области, бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти не се работи само за конкретни инфраструктурни работи, туку и за придружни индустрии од сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика итн”, изјави премиерот Ковачевски за Сител.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...