9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСтоле Димитриевски за војната во 2001: Се сеќавам како двајца чичковци дојдоа...

Столе Димитриевски за војната во 2001: Се сеќавам како двајца чичковци дојдоа дома и го земаа татко ми

Македонскиот голман Столе Димитриевски пред мечот со Барселона во интервју за шпанскиот медиум „Ла Разон“, зборуваше за детство во деведесетите и за тоа како растел во Куманово во време на војна. Зборуваше за немилите настани во 2001 година и кога неговиот татко го земале и регрутирале доцна во ноќта.

„Се сеќавам како двајца чичковци дојдоа кај нас дома доцна во ноќта и го однесоа. Јас бев во дневната соба, а тие имаа со нив документи и наредба да го земат за да ја брани државата. Тоа за мене и семејството беа стресни моменти. Ние моравме да заминеме кај мојата друга баба на побезбедно. Државата тогаш претрпе многу. Во споредба со тогаш, денес гледам дека има простор за подобрување“, раскажува Столе и објасни дека за време на војната со татко му се видел само неколкупати.

Војната траеше речиси една година и со татко ми се видовме само неколку пати. Тогаш бев мал кога ги видов тенковите, но ми падна тешко затоа што знаев дека нешто не е во ред. Татко ми имаше среќа затоа што неговата област не беше една од позагрозените“, се сеќава голманот на Рајо Ваљекано.

Рече дека пораснал во Македонија и дека ги почитува традициите.

„Тоа е нешто што доаѓа од семејството и корените мора да се одржуваат. Никогаш не треба да го заборавиме нашето потекло. Мајка ми има фризерски салон, а татко ми работеше како службеник во продавница за мебел додека не банкротираше поради војната“, рече Димитриевски.

Раксажа и како војната му го сменила животот и дека поразите во спортот не му изгледале толку страшно, затоа што доживеал и полоши работи во животот.

„Немам потешкотии кога ми се случуваат лоши работи во спортот, бидејќи веќе сум доживеал полоши. Претпоставувам ги имав надминато и само сакав да продолжам со мојата цел, а тоа беше да обезбедам покрив и храна за семејството. На почеток не размислував дека ќе живеам од фудбалот“, рече Столе.

На 17 години потпиша со италијанскиот тим Удинезе, а потоа замина на позајмица во Гранада, па во Кадиз. Рече дека учењето и адаптацијата на јазикот е нешто што брзо го совладал.

„Немав големи потешкотии за речиси ништо“, вели Столе, кој рече дека го обожава фудбалот и дека никогаш не му е досадно на терен.

„Јас сум голман, се облекувам поинаку од останатите. Имам прочитано многу интервјуа со голмани кои раскажуваат дека кога ќе постигнат гол секогаш гледаат во нив. Тоа ве прави ментално посилни и благодарение на тоа ви е полесно да размислувате за забава“, рече Столе.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...