16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветПоради закани засилено е обезбедувањето на клиниката каде се наоѓа Коста

Поради закани засилено е обезбедувањето на клиниката каде се наоѓа Коста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради закани, засилено e обезбедувањето во клиниката каде го чуваат малолетниот убиец Коста Кецмановиќ. Тој изврши масакр во своето училиште во Белград, каде деновиве уби 9 и рани 7 луѓе.

<

Коста нема наполнето 14 години и тој не одговара кривично за делото. Утврдено е дека момчето го планирало убиството еден месец, а со прегледувањето на неговиот телефон потврдено е дека свесно го извршил масовното убиство затоа што непосредно пред кривичното дело на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.

Татко му е во притвор. Адвокатот Раде Кнежевиќ денеска за Танјуг изјави дека вината за несоодветно чување оружје и муниција доколку биде потврдена ќе ја сноси таткото на малолетникот Коста К, кој изврши невидено кривично дело во основното училиште „Владислав Рибникар“.
„Веројатно ќе се утврди дека оружјето и муницијата биле недоволно обезбедени, доколку дојде до таков настан“, рече Кнежевиќ.

Тој објасни дека постои хипотетичка можност малолетникот да се фатил за оружјето, а таткото да не е виновен. Сепак, додава дека шансата за тоа е мала и додаде дека постои и кривично дело занемарување на образованието на дете, каде што не само таткото би бил одговорен, туку и мајката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...