8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаТерористите од „Диво Насеље“ ќе бидат префрлени на Косово, министерот Лога вели...

Терористите од „Диво Насеље“ ќе бидат префрлени на Косово, министерот Лога вели дека се работи на комплетирање на докумнентацијата

spot_imgspot_img

Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.

Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

„Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни.

Тие се пожалиле дека во „Идризово“ биле жртви на физичка и психичка тортура и затоа бараат затворските казни да ги издржуваат на Косово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...