27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаСредношколци во Тетово собраа пари и обновија три соби во Детското одделение...

Средношколци во Тетово собраа пари и обновија три соби во Детското одделение во болницата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осум средношколци од Тетово волонтери во Проект за хумани вредности при Црвен крст го реновираа детското одделение во тетовската болница. Тие направија повеќе активности како кино-вечер, работилници и слично, а со собраните средства уредија повеќе простории во детското одделение.

<

– Направено е бојадисување на три соби во детското одделение, ходниците, соба за чекање, амбуланта и соба за ЕХО. Потоа на ѕидовите ставија постери и стикери со ликови од цртани филмови, обезбедени се нови постелнини за креветите и купени се два инхалатори, информираше денеска Ливета Арслани, наставничка и десиминатор во проектот.

Оваа група од осум ученици се од економското и медицинското училиште.

– Јас како наставничка понекогаш ја губам верата дека има хуманост кај учениците, но тоа што гледам денес со оваа група, со овие деца мислам дека има убави нешта кај нив, хуманизмот е на високо ниво кај нив. Не работеа за пари, сите се активисти, нивното задоволство се убавите зборови што ги добиваат. Оваа група се одлучи нивниот проект да биде фокусиран тука ради децата, ради тоа што лошо изгледаше ова одделение и да направат промени, рече Ливета Арслани.

Во општинската организација на Црвен крст Тетово, како волонтери на проекти за хумани вредности кои помагаат на заедницата се вклучени 30 ученици од средните училишта поделени во повеќе групи. Во саботата една од групите почна акција за собирање на средства за помош на повеќечлено семејство со социјален ризик од Сиричино…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...