8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Сметам дека е непотребно да ги покажам сметките за моите деца...

Ковачевски: Сметам дека е непотребно да ги покажам сметките за моите деца за патот во САД

spot_imgspot_img

Приватните патувања на членовите на моето семејство никогаш не биле на товар на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.

На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република Cеверна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почеток на новата инвестиција на компанијата „Магна“ во Штип.
Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно.

Моите деца патуваат како и сите други деца. Доколку е потребно за секое нивно патување кога посетуваат роднини или како на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, ќе и доставувам сметки на јавноста, меѓутоа сметам дека тоа е беспотребно со оглед на тоа што како и сите други граѓани во државата, секој има право да патува во рамки на своите приватни активности, изјави Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...