6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПрвото училиште на Македонски јазик во село Подвис оставено да се распаѓа...

Првото училиште на Македонски јазик во село Подвис оставено да се распаѓа !!!

spot_img

Местото каде есента 1943 г. во селото Подвис почна со работа првото слободно училиште на Македонски јазик што претстатуваше гордост и исполнување на сонот за училиште на мајчин Македонски јазик, денес е срам за сите генерации политичари кои дозволија истото да се распадне без трошка грижа за истото.
Кичево е првиот град кој на 8 и 9 ти Септември во 1943 година се ослободил од фашистичкиот окупатор а само 12 дена подоцна училиштето во Подвис каде дотогаш наставата се одвивала на српски јазик почнала да се изведува на Макеоднски јазик. Честа да учителствува во тоа време ја добил наставник Василко Ристевски, кој на првиот час и на секое следно влегување ги поздравувал учениците со поздравот: СМРТ НА ФАШИЗМОТ а учениците му враќале: СЛОБОДА

Иво Најдески, претставник на младата генерација историчари вели: Негрижата и недоволното познавање на историјата доведоа до тоа ова културно богатство да се распаѓа

Учениците кои тогаш биле дел од оваа училиште, е генарација која го доживеала она што сите пред нив само го сонуваа, да учат на мајчин јазик. Бране Гавриловски, наставник по математика во основно училиште во Кичево, е одлично запознаен со тоа како работоело училиштето тогаш, со оглед на тоа што неговите татко и тетка биле во првата генерација ученици во Подвис. Во тоа време немале тетратки и листови за пишување па наставата се одвивала користејќи пиши бриши таблички.

Згадата која сега прокиснува, се распаѓа и е небезбедна за движење низ неа, некогаш било училиште со сала за приредби, посебен влез на учениците и наставниците, канцеларија и училници, така на тоа се сеќава Бране по кажувањата на неговите родители..

Како човек од образованието ова е жалосно и срамота да се гледа вели Бране Гавриловски. Она што тогаш било современо училиште во кое се образувале деца и се учело на наш јазик, сега се распаѓа од наша негрижа а треба да биде национална гордост. Бране појаснува дека некогаш овде се одржуваа култруни настани и се одбележуваше 23 септември како историски датум.

Зградата на училиштето во Подвис е објект од исориско значење и културно наследнство на Македонија а сликата која таму ќе ја видите освен тага, срам и гнев не може да предизвика ништо друго, затоа што некогашното училиште на македонски јазик сега е збиралиште на змии и животни.

Кога нашите политичари објавуваат фотографии и цитати по повод денот на македонскиот јазик, можеби е добро да ја видат сликата од училиштето во Подвис, па да се надеваме дека националните чуства некогаш кај некого ќе проработат па исориските места како ова училиште ќе добијат соодветен третман и ќе бидат гордост за сите.

Кирил Стојанов СИТЕЛ ТВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...