14.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОстануваат уште 7 месеци до крајниот рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид-...

Остануваат уште 7 месеци до крајниот рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид- Груби вели овој овој проект е несреќен од 2013

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Остануваат уште 7 месеци до крајниот рок за завршување на автопатот Кичево-Охир, но забележливо е дека има уште многу работа на истиот.

<

Вицепремиерот Артан Груби го нарече несреќен проект започнат во 2013 година и рече дека неговото завршување ќе биде на крајот на годината или на пролет во наредните години, ставајќи го под знак прашалник завршувањето на овој проект во предвидениот рок и простор за нов анекс на договорот.

„Веќе е отворена трасата на патот Кичово-Охрид, се гради, работите се интензивирани и само што се договоривме со премиерот следната недела да ги повикаме градителите на тие работи и да побараме да се интензивира доизградбата околу годинава или напролет следната година на тој автопат“ вели првиот вицепремиер за ТВ21.

Изградбата на автопатот започна во 2013 година. Првично требаше да заврши во 2018 година, потоа рокот беше поместен за јуни 2021 година, а потоа до крајот на 2023 година. Требаше да чини 378 милиони евра, но сумата е двојно зголемена и изнесува околу 600 милиони евра. Автопатот Кичово-Охир е дел од коридорот 8.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во...

Крвава групна пресметка меѓу средношколци во Карпош, момче е прободено со нож

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ во Скопје се случила тепачка меѓу две групи средношколци, при што едно лице било повредено со остар предмет,...

Во Македонија се враќа забраната за пушење и на затворените тераси – МЗ најавува законски измени

Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство. Нема толку инспектори колку...

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...