И денеска Арачиново без струја – Жителите: Останавме на милост и немилост на Бог

Половина Арачиново и натаму е без струја. Четврти ден жителите од ова населено место немаат струја, но не е само тоа. Со оглед на тоа што оваа општина нема ниту водовод, жителите останаа и без вода, поради тоа што хидрофорите не работат без струја.

-Подобро без живот отколку без вода. Јас не знам што мислат овие владини функционери, нели им е срам, во денешно време да останеме без вода и струја. Ни водоводна мрежа нема селото.
Немаме ниту вода, ниту струја. Реално како општина сѐ ни недостига, почнувајќи од амбуланта, улици, канализација, водовод, а сега и струја. Нема решение. Државата ја зема на пик оваа населба, и политичките партии, и државата. Оставени сме на милост на Господ.
Денеска екипа на ЕВН отиде во Арачиново, но како што се чини не работела конкретно на дефектот. Градоначалникот, вели дека се очекува дефектот наскоро да се санира, но сепак нѐ упати да се да се обратиме до ЕВН, велат граѓаните.

Дефектите мислам дека треба да се санираат брзо, но за тоа најдобро е да се обратите до ЕВН за поточно да се информирате за решавање на овој проблем. Ја користам приликата уште еднаш да ја повикам компанијата ЕВН да го земат предвид големиот број потрошувачи во нашето место. Мислам дека е повеќе од потребно во нашата општина да има уште еден центар за потрошувачи, реќе Ридван Ибрахими градоначалник на Арачиново.

Од ЕВН вчера истакнаа дека дефекти настануваат поради дивите приклучувања на мрежата, кои потоа не можат да ги санираат бидејќи се спречени од жителите. Меѓутоа, досега ни еден случај не е пријавен во полиција од страна на ЕВН. И Ибрахими, уверува дека досега немало таков случај.

-Досега не наидовме на некаква пречка. Не верувам дека имало некаква пречка, бидејќи на крајот тие граѓани ги бараат своите права.
Инаку, како последица на немањето електрична енергија, жителите се жалат дека сите прехранбени производи во фрижидерите им се расипале, Ибрахими.
Инфомакс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here