12.9 C
Ohrid
четврток, јули 4, 2024
ПочетнаМакедонијаВработен во Идризово ослободил затвореник, кој откако побегнал ограбил казино

Вработен во Идризово ослободил затвореник, кој откако побегнал ограбил казино

Вработен во затворот Идризово ослободил затвореник, овозможувајќи му да избега од установата.
Според информациите од МВР, вработениот му дал службена картичка за отворање на безбедносна врата. Откако побегнал од затворот, влегол во казино и го ограбил со закана со пиштол.

„Имено, Ј.Ј. на 20.05.2023, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2. Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот.

Истиот ден, околу 09.16 часот во казино на ул„Благоја Стефковски“, осуденикот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. За кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка ЦЗ 85““ соопшти МВР.

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како...

Славјанка: Тргна возот, ВМРО ја врати оградата, следно е името…

Откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе ја враќа железната ограда пред објектот на Владата, а која беше извадена од страна на СДСМ, ...

Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа...

Во Скопје дрво падна врз жена која се движеше по тротоар, жената остана заробена под гранките !!!

Жена остана заробена под гранките на дрвото кое паднало врз неа кога почнало силен ветер во Скопје. Случајни поминувачи, а потоа и пожарникарите успеаја да...