7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСЗО побара Македонија да не субвенционира одгледување на тутун поради штетноста од...

СЗО побара Македонија да не субвенционира одгледување на тутун поради штетноста од пушењето

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2 507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.
Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот.

Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...