20.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаСветЈапонскиот премиер го отпушти својот син од работа, се однесувал непримерно

Јапонскиот премиер го отпушти својот син од работа, се однесувал непримерно

Синот на јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе поднесе оставка од функцијата помошник на премиерот, изјави денеска Кишида, откако фотографиите од неговиот син и други роднини кои се преправаат дека одржуваат прес-конференција во зградата на државната управа во резиденцијата предизвикаа незадоволство во јавноста…

Кишида рече дека Шотаро Кишида во четврток ќе ја напушти функцијата секретар, велејќи дека промената е поради „несоодветно“ однесување во службената резиденција.

Минатата недела јапонските медиуми објавија фотографии од Шотаро Кишида и други роднини на премиерот како се преправаат дека одржуваат конференција од говорницата зад која вообичаено стои премиерот, пренесува „Ројтерс“.

„Неговото однесување во јавноста беше непримерно за некој на службена позиција како помошник. Одлучив дека е моја одговорност да го сменам“, изјави Кишида.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...