11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинетиот кој со багер ја урна оградата кај поликлиниката „Бит Пазар“ бил...

Обвинетиот кој со багер ја урна оградата кај поликлиниката „Бит Пазар“ бил изреволтиран од политички партии, вели неговиот адвокат

spot_imgspot_img

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска требаше да започне судскиот процес против двајцата обвинети кои се гонат дека вечерта на 12 мај со багер ја урнаа оградата од поликлиниката „Бит Пазар“ за да си направат паркинг и да наплаќаат, меѓутоа судењето се одложи.

Во судница се појавија двајцата со нивните адвокати, како и обвинителката Елена Иваноска-Миноска, но со оглед дека еден од обвинетите не го примил обвинението, судијката Славица Наумова-Јосифовска го одложи рочиштето и закажа ново за следниот понеделник (5 јуни).

Адвокатот Драган Пешевски, кој е бранител на еден од обвинетите, пак, тврди дека ваквата квалификација е неточна. Можеби имало узурпација, вели, но никако со намера да се гради или трајно да се оштетат својствата на земјата. Апсолутно е неточно, тврди адвокатот, дека обвинетиот што го ангажирал багерот сакал да направи паркинг. Според неговата изјава, рушењето на оградата и порамнувањето на земјиштето било направено од револт поради ветувања што обвинетиот ги добивал од политички партии.

Можеби знаете за која земја се работи, тоа е паркингот зад поликлиниката ’Бит Пазар‘ кој долги години и служеше како див паркинг, место каде се собираа наркомани и слични лоши појави. Затоа со претходни ветувања од страна на политичките партии, обвинетиот изреволтиран од нивниот однос нема направено ништо друго освен што ја има израмнето земјата, ништо повеќе – никаква градба, наплата, рампи … Ништо нема“ вели Пешевски.

Адвокатот рече и дека обвинетиот е согласен да ја надомести штетата и до наредното рочиште ќе стапат во контакт со надлежните институции за да се врати просторот во првобитната состојба.
Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...