31.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаТаравари: Гордо можам да кажам дека сега земјава се движи напред

Таравари: Гордо можам да кажам дека сега земјава се движи напред

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред 100 дена земјава беше парализирана, а неспорно е дека сега е во многу подобра состојба отколку пред 100 дена. Гордо можам да кажам дека се движи напред, истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во обраќањето по повод 100 дена од влезот на партијата во Владата.

<

-Постојано барам од секој функционер на Алијанса за Албанците резултати и нулта толеранција на корупцијата. Уште од почетокот на нашето управување со Министерството за правда презедовме низа активности за да ја зголемиме довербата на граѓаните во судството,…. Преку Министерството за информатичко општество и администрација ќе формираме една точка на која ќе се нудат 182 електронски услуги на едно место,… Откао управуваме со Министерството за здравство за 3.000 денари ги зголемивме платите на сите здравствени работници, а за 162 отсто го зголемивме надоместокот за дежурство, рече Таравари.

Посочи дека имало многу ветувања за евроинтеграциите на земјава, но многу и се лажело.

-Од нас се очекува што поскор да ги направиме уставните измени за да се интегрираме. Но, ситуацијата е променета со интервенцијата на Русија во Украина и пројавувањето на проруски ставови во соседството. Можно е и кај нас да преовладаат проруските ставови. Европа е нашиот единствен дом, но не чека на нас. Затоа нашата демократија мора да ги надмине предизвиците и да не дозволи да не блокираат противниците на западот, рече Таравари.

Порача дека во иднина наместо на темите кои не разделуваат треба да се фокусираме на оние кои не обединуваат.

-Такво е и нашето барање за албанскиот јазик во Уставот. Очекуваме тоа да биде едногласно поддржано, потенцира Таравари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...