15.8 C
Ohrid
среда, мај 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВРЗ КУЌИ НА РОМИ ВО БИТОЛА ИСПИШАНИ КУКАСТИ КРСТОВИ !!!!

ВРЗ КУЌИ НА РОМИ ВО БИТОЛА ИСПИШАНИ КУКАСТИ КРСТОВИ !!!!

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува случајот со пишување навредливи графити со кукасти крстови и натписи „Ѓупци“, испишани со црн спреј врз куќи на ромско население на улица Дебарска во Битола.

Според нив, се работи за уште еден случај на злостортво од омраза, со порака кој упатува на повик за насилство кон ромската етничка заедница.
Тргнувајќи од стремежот за градење соживот, толеранција и меѓусебно почитување без разлика на националната, етничката, религиозната или било која друга припадност, бараме надлежните институции, пред се’ Министерството за внатрешни работи и Обвинителството темелно да го испитаат случајот, да ги најдат сторителите, кои треба да одговараат за ова дело“, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Очекуваат МВР и ОЈО правилно да го квалификуваат ова дело како дело од омраза. Најавија дека ќе поднесат кривична пријава и во иднина ќе ги следат сите активности што се преземаат во врска со случајот.

Хелсиншкиот комитет во изминатите години во неколку наврати алармираше за присуство на говор на омраза кон ромската заедница во Општината Битола и потребата за преземање на конкретни чекори за зголемување на свеста кај граѓаните за меѓуетничка, меѓурелигиозна и меѓукултурна толеранција и соживот.

Соодветната реакција од институциите во вакви моменти, велат од таму, е од исклучително значење, бидејќи пропуштањето да се даде ефикасна заштита на жртвите на говорот и делата од омраза може да резултира со обесхрабрување на жртвите да бараат заштита, а охрабрување на сторителите да го повторат делото.

„Расното профилирање на Ромите и понатаму останува клучниот фактор кој го спречува еднаквиот пристап до добра и услуги и го засилува нивниот маргинализиран статус во општеството. Токму поради сето ова, Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека реални подобрувања се можни само преку значителна промена на односот на државните органи кон оваа заедница“, се додава во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...