29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски од Охрид: Веста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила уставни измени е ширење на...

Мицкоски од Охрид: Веста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила уставни измени е ширење на лага дека сме го прифатиле бугарскиот диктат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДС е развластена а ДУИ детронизирана и прашање на време е кога ќе одат во опозиција, додека еуфоричните соопштенија на СДС се само „изнасилена радост“ и „ширење на лагата“ дека ВМРО-ДМНЕ наводно ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат, порача вечерва во говорот во Охрид, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

<

Тој додаде дека Ковачевски брзо ќе си оди од премиерската фотелја додека ДУИ е детронизирана и прашање само на миг е кога , по 20 години власт, злоупотреби и криминал ќе одат во опозиција.

Мицкоскии подвлече дека на лидерската средба тој на маса ставил две понуди:

Првата била формирање на преодна влада на сите партии, без ДУИ, која би требадло да донесе измени на Уставот со одложено дејство, кои ќе стапеле на сила со членството на Македонија во ЕУ.

„Така добиваме гаранција дека Македонија ќе биде на брза патека за Европската унија, и кочничарите на нашата интеграција Бугарија да станат активна заинтересирана стана за побрза европеизација на државава“ –додаде Мицкоски.

Втората понуда на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ била – избори сега, обезбедување на гаранции од европските институции за заштита на националните и државни интереси како и економски пакет за подобар живот во државата по повеќе основи, па потоа носење на измени на уставот со обврска опозицијата да го поддржува процесот како би се гарантирало националното единство кога е во прашање гарантирање заштитата на државните и национални интереси.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ова е одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан...

Македонец загина во Бугарија откако 19 годишник со кола влета во ресторан и уби три лица

Три лица загинаа откако 19 годишен возач со автомобил влетал во ресторан, објавија тамошните медиуми. Околу 01:36 часот ноќеска, на бројот 112 е добиена дојава...

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...