8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОхриѓани повеќе не молчат: Бараат веднаш да се одложат градежните зафати на...

Охриѓани повеќе не молчат: Бараат веднаш да се одложат градежните зафати на потегот Охрид-Подмоље !!!!

Барање за одложување на градежните зафати на потегот Охрид-Подмоље беше денес потпишано од страна на претставници на локалната самоуправа, хотелиери, угостителски еснаф и туристички оператори и туристички агенции, по одржаниот заеднички состанок на кој присутвуваа и претставници на СВР Охрид, кои не го потпишаа истото- Јавува OHRID NEWS

Барањето како што беше нагласено ќе биде испратено до Владата на Република Македонија и до Министерството за транспорт и врски со цел градежните зафати на овој потег да бидат одложени за септември.
Во барањето јасно се наведува дека затворњето на главниот приод кон Охрид е погубна одлука како за туризмот, така и од хуман и здраствен аспект, напоменувајќи и дека сепак не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.

Преоторувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава поблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила. Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатка создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција, се вели во барањето.
Во барањето јасно се наведува дека затворњето на главниот приод кон Охрид е погубна одлука како за туризмот, така и од хуман и здраствен аспект, напоменувајќи и дека сепак не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.

Преоторувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава поблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила. Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатка создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција, се вели во барањето.

Многу ни смета затворањето на таа делница, баш влезот на Охрид. Со оглед дека споредниот пат или стариот пат е помал и не може да го опслужи целиот сообраќај што се одвива на таа делница, тука доаѓаат и камиони од Албанија кон Битол, Ресен и цел тој сообраќај треба да се одвива во тој реон. Тоа ни е едно тесно грло, се создаваат многу проблеми во туризмот. Се надеваме дека ќе има некаков слух и дека ќе се најде некакво решение за брзо отворање на патотот кој би можеле да го користиме барем од едната страна. Мораме да ја ослободиме оваа делница и да имаме непречен сообраќај во однос на влезот на Охрид во однос на туристите и сите кои ја користат таа делница. До сега имавме некои три часа Скопје Охрид движење, а со оглед на ова што сега ни се случува се зголемува тој временски период и се отежнува самиот сообраќај. Требаше да се направи ова или порано или подоцна. Ние не знаеме ни кои зафати се прават таму, но што и да е треба да се најде решение и патот да се пушти во најбрз рок, вели Блажевски.
Туристичкиот работник Олег Маленко потенцира дека и со сегашнава бројка на гости кои доаѓаат по овој патен правец од Скопје накај Охрид се соочуваат со проблеми.

Началникот на СВР Охрид, Жарко Лазороски истакна дека постапуваат по тоа што им е одобрено на изведувачите и од нивна страна преземаат дополнителни активности за подигнување на нивото на безбедноста и протокот на сообраќајот на овој дел од патниот правец.

За таа цел ќе ангажираме дополнително службеници за тој дел да биде непречен и да има безбеден сообраќај. Од изведувачите добивме информација дека за 30- тина дена дека ќе биде завршен, но кажаа дека ќе работат во 2 смени, може и повеќе да се заврши во побрз период. Да не се грижите воопшто дали стариот дел на патот е безбеден за сообраќај. Стариот дел на патот е реконструиран пред 2-3 години има соодветна сигнализација поставено и ги исполнува сите услови за одвивање на сообраќај. Обележан, нема ударни дупки, патната сигнализација што е поставена е согласно законските прописи и нема никаков проблем, потенцираше Лазороски.
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков на чија иницијатива беше и свикан денешниот состанок истакна дека до ова барање дошло имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.

Не постои логично оправдување или логичен одговор на она зошто сега беше потребно во овие денови, она што го предвиделе за 45 дена наводно со почеток од 15 јуни работејќи во две или повеќе смени ќе го намалеле на 30 и помалку дена. Верувам дека секој од Охрид и Струга кои години мака мачиме со изградбата на автопатот знаеме како е и сигурен сум дека нема да е така и директно ќе влијае на градот и туризмот генерално, на сите што се занимаваат и живеат од туризмот. Како што потенцираа од општинската служба патот познат како „распаќе“ од Здружението на возачите до вклучување на „Туристичка“ не бил направен со сите потребни подлоги и тампони, односо бил директно асфалтиран на земја и движењето камиони и товарни возила кои ќе поминуваат секојдневно ќе направат оштетување според стручните служби за не повеќе од 10 до 15 дена. Што ќе биде дополнителен проблем за влез во Охрид.
Извор: ОhridNews

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...