15.9 C
Ohrid
петок, септември 5, 2025
ПочетнаМакедонијаТелото на Мемет Камбер е предадено на најблиските, тој денеска ќе биде...

Телото на Мемет Камбер е предадено на најблиските, тој денеска ќе биде погребан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Телма дознава дека телото на Мемет Камбер е предадено на најблиските, а погребот ќе биде извршен денеска во 14 часот.

<

Во меѓувреме, во тек е истрага во Јавното обвинителство, а за сите кривични дела за коишто постои сомнеж дека се сторени ќе има одговорности, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако ДНК-анализите открија кои се вистинските родители на 19-годишниот Мемет Камбер кој почина без лична карта и лекарска книшка, целосно отфрлен од системот.

Телма вчера информираше дека ДНК-анализата е завршена, резултатите се ставени на хартија и веќе се испратени во институциите. Идентификациската мистерија е разоткриена – кој е и што е, во случајот со Мемет Камбер.

Три недели поминаа од смртта на деветнаесетгодишното момче. Бирократијата и административните процедури сѐ уште не дозволуваат да почива во мир Камбер. Тој за системот бил анонимус и додека беше жив.

Имал извод, имал државјанство, но не и лична карта. Мајката на Мемет чиешто име е наведено во изводот, всушност не е неговата вистинска мајка, туку е негова тетка.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Пецаков: Почестен сум што бев дел од јубилејот 90 години Хидробиолошки завод”

‎Почестен сум и горд што денеска бев дел од свеченоста по повод јубилејот 90 години од основањето на Хидробиолошкиот Завод. ‎ ‎Овој голем јубилеј не е...

„Малолетничка седум месеци заклучена во Идризово поради немање услови во ВП Домот во Волковија“

Девојче на возраст меѓу 14 и 15 години седи заклучено само во соба во женскиот дел во затворот во „Идризово“ за да не се...

Погледнете како Колумбиецот Јанко ги ремети Грците. (Видео)

Колумбиецот Јанко ги збунува Грците на Ome TV На социјалните мрежи големо внимание предизвикува настапот на Колумбиецот Јанко, кој преку Ome TV успеа да ги...

Самка Ибраимоски е кандидат за градоначалник на Тетово

Поранешниот заменик министер и пратеник, Самка Ибраимоски, е кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата на неговата партија заедно со ГРОМ и останати политички...