26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМајка на две деца од Радовиш си го одзеде животот со труење,...

Мајка на две деца од Радовиш си го одзеде животот со труење, а прошталната порака укажува на можна тортура

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајка на две деца од радовишкото село Тополница минатата среда ги заклучила децата во соба и излегла во полското веце во дворот од куќата каде се самоубила со пиење отров. Пред да си го одземе животот таа снимила видео порака која укажува на психолошка тортура и можни други видови на насилство. „Слободен печат“ ја доби видео пораката во која што жената моли да се обелодени се и да не се остава работата туку така.
Сега ќе ви откријам нешто, кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“.

<

Ова е последната проштална видео порака на 24 – годишна жена, мајка на две деца од селото Тополница. По снимањето на видео-материјалот, минатата среда таа испила отров и си го одзела животот. Во четвртокот бил извршен закопот, без обдукција. Немало обдукција иако има информации дека жената била во вториот месец од бременоста и иако видео пораката која дојде до редакцијата на „Слободен печат“ која е последното нешто што го оставила жената на овој свет, укажува на потенцијално морбидни околности и можно насилство, тортура и затворање во домот. Селаните зборуваат дека жената никогаш не излегувала од дома и била заклучувана.

видео тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...