15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЗамина еден од најголемите и најнапатени Македонци-Додека беше жив одлежа 8 години...

Замина еден од најголемите и најнапатени Македонци-Додека беше жив одлежа 8 години затвор за македонската идеја !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 85 години во Петрич почина Стојан Георгиев Томовичин, еден од најголемите и најнапатени македонски патриоти.

<

Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринскиот дел на Македонија.

Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација Илинден.

Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години.

По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на ОМО „Илинден“.

Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.

Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...