28.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаАдминистративците земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на...

Административците земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на сезонска работа во странство.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Административците на големо земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на сезонска работа во странство, главно во Хрватска. Речиси нема државна институција, јавно претпријатие и Општина каде не се потпишани решенија за неплатен одмор кои ги бараат вработените. Земаат по три месеци неплатено отсуство и плус користат по еден месец споено стар и нов одмор, за да можат да отидат во странство, главно на хрватското приморје и да работат по хотелите и рестораните за време на летната сезона.

<

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека администрацијата на големо зема неплатен одмор и оди да работи на туристичките места. Само од неговото министерство годинава 15 лица зеле неплатен одмор.

„Само последниве неколку дена потпишав решенија за неплатен одмор на тројца вработени. Точно е дека заминуваат да работат во летните туристичките места, но законски не може да ги спречиме и да не им одобриме ваков вид отсуство. Оваа појава е лоша и на долг рок, бидејќи тие луѓе кои заминуваат, таму остваруваат контакти, добиваат понуди за друга работа и можеме да ги загубиме и вработените во јавниот сектор“, вели министерот Алиу.

Ниту една државна институција нема збирна евиденција колку точно административци зеле неплатен одмор. САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашање до повеќе министерства, институции и Општини колку вработени заминале на неплатен одмор. Од повеќето ни одговорија дека неплатен одмор користат дел од вработените и за нив знаат дека заминуваат да работат како сезонци.

Оваа летна сезона од Скопје е пуштена авионска линија до Сплит на компанијата „Кроација ерлајнс“. Како што можеше да забележи нашата екипата, авионите се полни со патници кои одат на сезонска работа во Хрватска. Меѓу нив голем дел се и административци.

„Цела државна администрација замина за Хрватска. Не сме само студенти и келнери кои одиме на сезонска работа. Има и голем број кои работат во државни институции и никој не им прави проблем што заминуваат, местото им мирува“, вели студентка од Скопје, која кон почетокот на јуни замина да работи во хотел во Бол на островот Брач.

Исто така, неплатен одмор земаат и голем број полицајци кои одат во Швајцарија или Германија и сезонски работат како градежни работници на градилишта.

„До крајот на јуни, 21 вработен има земено неплатен годишен одмор. Пет во Министерството за внатрешни работи и 16 во Бирото за јавна безбедност“, велат од МВР.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, до 15 мај над 4.000 македонски граѓани добиле дозвола за престој и работа во Хрватска, која пред ова лето се соочува со огромен недостиг на сезонски работници. Како што ни изјавија од хрватското Министерство за внатрешни работи, бројот на одобрените работни дозволи за македонските граѓани е зголемен за 60% во споредба со истиот период лани.

Не само младите и административците, туку и цели семејства заминуваат на привремена работа во Хрватска. Грција до пред неколку години беше најпримамлива за сезонците од Битола со бербите на праски и портокали, а летово е угостителскиот сектор на јадранското приморје. Посредниците при вработување велат дека интересот е двојно зголемен од лани.

Во јавниот сектор во земјава работат 129.374 лица.

А. АНТЕВСКА
Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...