24.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорка на Артан Груби ќе купува и продава струја за ЕСМ

Директорка на Артан Груби ќе купува и продава струја за ЕСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи од Тетово, е назначена за нова директорка на ЕСМ Продажба – фирмата-ќерка која продава вишоци на електрична енергија и купува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи кога нема доволно производство- јавува Фактор.Мк

<

Мустафаи го превзема местото на Златко Пиперкоски, кој на таа функција беше поставен во октомври лани. Инаку оваа позиција никогаш претходно не била пополнета со кадар на ДУИ. Управниот одбор на АД ЕСМ донел ваква кадровска одлука на 23 јуни.

Инаку ЕСМ Продажба според податоците кои медиумски беа објавени изминатиот период, остварил приходи од 6,57 милиони евра минатата година, најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата.
Покрај тоа, ЕСМ Продажба од оваа година учествува и во берзанското тргување со електрична енергија на домашната платформа на МЕМО, а овој период се размислува да се променат правилата со тоа што оваа фирма ќе може да купува струја од фотонапонските централи низ земјата во периодите кога тоа ќе биде поевтино отколку да се произведува од јаглен во термоцентралите. ЕСМ Продажба наедно купува струја од надворешни снабдувачи за потребите на ЕВН кога производството е недоволно.

Во февруари годинава опозицијата ја обвини Мустафаи дека гради хациенда на Попова Шапка, сопственост на нејзиниот сопруг, која не била пријавена во нејзиниот анкетен лист и дека дала акредитација на компанија наводно блиска на братот на првиот вицепремиер Артан Груби за баждарење на точила за нафтени деривати и течен нафтен гас на бензински пумпи и економски оператори кои се занимаваат со трговија на гориво.

Набрзо потоа Мустафаи во март си замина од Бирото за метрологија каде беше неколкугодишен директор.
Извор. Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр го откри сторителот кој со јаже го имаше врзано сопственото дете !!

Кривична пријава за насилство врз дете против маж од струмичко, насилно се однесувал кон 11-годишната ќерка Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица...

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...