20.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАдминистративците земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на...

Административците земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на сезонска работа во странство.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Административците на големо земаат неплатен одмор од три месеци за летово да одат на сезонска работа во странство, главно во Хрватска. Речиси нема државна институција, јавно претпријатие и Општина каде не се потпишани решенија за неплатен одмор кои ги бараат вработените. Земаат по три месеци неплатено отсуство и плус користат по еден месец споено стар и нов одмор, за да можат да отидат во странство, главно на хрватското приморје и да работат по хотелите и рестораните за време на летната сезона.

<

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека администрацијата на големо зема неплатен одмор и оди да работи на туристичките места. Само од неговото министерство годинава 15 лица зеле неплатен одмор.

„Само последниве неколку дена потпишав решенија за неплатен одмор на тројца вработени. Точно е дека заминуваат да работат во летните туристичките места, но законски не може да ги спречиме и да не им одобриме ваков вид отсуство. Оваа појава е лоша и на долг рок, бидејќи тие луѓе кои заминуваат, таму остваруваат контакти, добиваат понуди за друга работа и можеме да ги загубиме и вработените во јавниот сектор“, вели министерот Алиу.

Ниту една државна институција нема збирна евиденција колку точно административци зеле неплатен одмор. САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашање до повеќе министерства, институции и Општини колку вработени заминале на неплатен одмор. Од повеќето ни одговорија дека неплатен одмор користат дел од вработените и за нив знаат дека заминуваат да работат како сезонци.

Оваа летна сезона од Скопје е пуштена авионска линија до Сплит на компанијата „Кроација ерлајнс“. Како што можеше да забележи нашата екипата, авионите се полни со патници кои одат на сезонска работа во Хрватска. Меѓу нив голем дел се и административци.

„Цела државна администрација замина за Хрватска. Не сме само студенти и келнери кои одиме на сезонска работа. Има и голем број кои работат во државни институции и никој не им прави проблем што заминуваат, местото им мирува“, вели студентка од Скопје, која кон почетокот на јуни замина да работи во хотел во Бол на островот Брач.

Исто така, неплатен одмор земаат и голем број полицајци кои одат во Швајцарија или Германија и сезонски работат како градежни работници на градилишта.

„До крајот на јуни, 21 вработен има земено неплатен годишен одмор. Пет во Министерството за внатрешни работи и 16 во Бирото за јавна безбедност“, велат од МВР.

Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, до 15 мај над 4.000 македонски граѓани добиле дозвола за престој и работа во Хрватска, која пред ова лето се соочува со огромен недостиг на сезонски работници. Како што ни изјавија од хрватското Министерство за внатрешни работи, бројот на одобрените работни дозволи за македонските граѓани е зголемен за 60% во споредба со истиот период лани.

Не само младите и административците, туку и цели семејства заминуваат на привремена работа во Хрватска. Грција до пред неколку години беше најпримамлива за сезонците од Битола со бербите на праски и портокали, а летово е угостителскиот сектор на јадранското приморје. Посредниците при вработување велат дека интересот е двојно зголемен од лани.

Во јавниот сектор во земјава работат 129.374 лица.

А. АНТЕВСКА
Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј.

Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква...

Стефковски: Еве ги доказите дека пожарот кај Смилковско Езеро дека е подметнат.

Постојат основани сомневања дека пожарот кој изби синоќа кај Смилковското езеро бил подметнат. Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој беше на местото на...

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...