14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаИ после ќе каже некој немало механичари: Повеќе од 130 килограми марихуана...

И после ќе каже некој немало механичари: Повеќе од 130 килограми марихуана чувани во автосервис во Ѓорче Петров

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

<

Еден од обвинетите се гони и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје.

Четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, се роднински поврзани. Тие во автосервис во Ѓорче Петров, заради продажба држеле околу 133 килограми марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале околу 99 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Се организирале и транспорт, но на улица ги запрела полиција.

„Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот. Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – првото возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второто возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата ‘Скупи’, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола“, соопшти Обвинителството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...