23.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарин избоден со нож во Скопје

Бугарин избоден со нож во Скопје

Навивачите на Левски беа нападнати во Скопје во пресрет на натпреварот од второто прелиминарно коло од Конференциската лига со Шкупи. На снимката што ја објави локална телевизија, може да се видат жителите на населбата Чаир како фрлаат корпи за отпадоци кон бугарските поддржувачи и удираат во нивните автомобили. Не е јасно што му претходело на инцидентот.

Полицијата е во целосна мобилизација откако УЕФА го дефинираше натпреварот како ризичен поради политичката тензија меѓу Бугарија и Македонија.

Навивач на фудбалскиот тим „Левски“ е во болница по тепачка меѓу навивачки групи, пренесе БНТ.

Повредените се движеле надвор од одредената патека за навивачите. Дошло до конфликт со навивачи од Македонија, по што еден од Бугарите бил избоден со нож, тврди БНТ.

Според бугарската телевизија, нема опасност по неговиот живот, тој е пренесен во болницата „Мајка Тереза“, каде што е на лекување.

На трибините се очекуваат околу 1.000 симпатизери на „сините“. Атмосферата се вжешти во последните денови поради заканите на социјалните мрежи за палење на знамињата на Македонија и Албанија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...