30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Бугарските навивачи провоцирале во Чаир

Спасовски: Бугарските навивачи провоцирале во Чаир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека за време на мечот со „Левски“ немало инциденти, но пред почетокот на натпреварот една група навивачи од Бугарија се однесувале насилно кон припадниците на македонската полиција.

<

Спасовски вели дека сите навивачи од Бугарија кои што пристигнале организирано на ГП „Деве Баир“ биле пречекани и со полициски кордон се донесени до самиот стадион во Скопје. Но веројатно дел од нив своеволно се оделиле од групата или дошле сами а не со најавените навивачи.

“Веројатно имало неколку возила кои што дошле неорганизирано и при поминување низ Чаир, преку одредена провокација што ја прават, настанал конфликт. Идентификувани се напаѓачите и за скоро време ќе ги имаме детално сите информации, обелодени Спасовски.

Спортските настани треба да бидат места за уживање и ова е главната порака што сакам да ја испратам, рече министерот за внатрешни работи во однос на синоќешните инциденти пред натпреварот меѓу Шкупи и Левски Софија.

И за Премиерот Ковачевски вчерашните инциденти немаат никаква врска со спортот и се испровоцирани од поединци, хулигани.

„ Прво тоа вчера беше резултат на хулигани и од една и од друга страна. Ако ги погледнете арегатотите на вести, ќе видите се освен резултатот. Тоа беше уште доказ дека фудбалот треба да им се остави на спортистите и на вистинските навивачи. Никој не зборува како играле фудбалерите, туку како се тепале хулигани и како биле поврддени полицајци.„ вели Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...