18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаМајката на прободениот 29-годишен Бугарин пристигна во Скопје – го посети својот...

Мајката на прободениот 29-годишен Бугарин пристигна во Скопје – го посети својот син и даде ИЗЈАВА за медиумите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

29-годишниот Драгомир е момчето кое беше повредено, прободено со нож, при инцидент меѓу навивачите на Левски и лица од Скопје. Тој е на одделението за интензивна нега. Вчера беше опериран. Неговата состојба е стабилна, но сериозна.
Во Скопје пристигнала и неговата мајка. За медиумите раскажа во каква состојба е, и дали ќе биде пренесен во Бугарија.

<

„Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“, рекла загрижената мајка.

Лекарите не препорачуваат младото момче да биде транспортирано во наредните денови, бидејќи неговата состојба не го дозволува тоа.

На прашањето дали неговите напаѓачи се идентификувани, таа вели:

Да им оставиме на дипломатските власти. Официјалните власти нека ги тераат работите, како мајка дојдов да го видам. Откако го видов, веќе сум добро, покрај него сум“.

Според неа, само прашање на време е кога ќе се транспортира назад во Бугарија.

Инцидентите меѓу навивачите ги осудија и двете држави.

„Очекуваме надлежните органи во Република Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент“, велат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак повика односите меѓу фудбалските фанови да не се врзуваат за односите меѓу Бугарија и Македонија. Тој потсети дека Министерството за надворешни работи на Македонија веќе ги осуди инцидентите и побара сторителите да одговараат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...