20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПред еден месец станал татко – синоќа беше прегазен додека чекал уредно...

Пред еден месец станал татко – синоќа беше прегазен додека чекал уредно на црвено на семафори…

Во кобна сообраќајна несреќа која се случи синоќа половина час пред полноќ во скопски Бутел животот го загуби 25-годишен пешак, Мусли Весели. Трагедијата се случила при судир на два автомобили на кростосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска бригада“. Загинатото момче веднаш било пренесено во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. На видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат М се гледа како настрада момчето додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила. Со тешки повреди се здобиле и возачот С.О. и неговата сопатничка од Скопје како и возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.

На социјалните мрежи, неколку личности се обидоа да пренесат дека ова е класично убиство односно не е само сообраќајна несреќа. Весели пред еден месец станал татко. На социјалните мрежи, Умејр Муамеди напиша: До кога???

Пред една година Викторија а вчера Мусли.

Додека главна тема денеска ни е “кој јавел коњ” за Илинден и се чекаат партиски директиви кој кого да нападне, вчера се случи убиство за кое многу малку се збори, беше прегазен со кола 25 годишниот Мусли Весели. Чекајки на семафор бил прегазен од идиот кој влегол на црвено со преголема брзина.

Македонското општество е примитивно општество каде секој идиот вози кола, каде на секој идиот му е дозволено да раѓа деца, каде секоја втора девојка се воодушевува од скапи коли и ги охрабруваат ваквите идиоти, каде на свадба на идиот се пука како да се оженил некој генијалец.

Ке повторам: Бил убиен додека чекал на семафор а пред еден месец му се родило дете.

Мусли ке почива во мир а нам ке не покрие срамот!

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...