18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМаксим: Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот...

Максим: Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир пишува градоначалникот Максим.
Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада.
– Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата.
– Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија!?
– Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци:
– За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата” Едно општество за сите”?!
– Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи?
– Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...