11.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаЖител на село Радолишта-Струга, заработил 150.000 евра од реклами !!!!

Жител на село Радолишта-Струга, заработил 150.000 евра од реклами !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кој ги врти парите во делкругот на огласите. Какви се приходите на компаниите кои им служат на граѓаните кои сакаат да огласат на продажба свои производи? Еден брз преглед на податоците на Централниот регистар покажува дека овие компании се за пофалба иако официјално се дел од „малите компании“ во земјава, сепак, нивните приходите воопшто не се за потфрлање.

<

Споредба меѓу „Реклама 5“ и „Пазар3“ покажува дека компаниите остваруваат висок профит, особено едната од нив. Но, да ги видиме деталите.

Бројките покажува дека финансиските податоци за „Реклама5“, или како што е официјалното име „Друштво за услуги производство и трговија БИГМЕДИА ДООЕЛ увоз – извоз с. Радолишта Струга“, со регистрирана дејност Односи со јавноста и дејности на информирање, која влегува во мали компании и чија сопственост е приватна, минатата година има навистина „импресивни“ резултати.

Имено во 2022 година компанијата успеала да инкасира дури 13.045.781 денар, при што имала раст од дури 13 проценти. Ова се вкупните приходи на „Реклама5“.

Компанијата минатата година имала неполни три милиони денари расходи, или поточно 2.909.154 денари, каде исто така има раст од 23 отсто. Она што најмногу привлекува внимание е што фирмата, за која официјално е напишано дека брои само еден вработен, успеала да оствари добивка од скоро 150 илјади евра, или поточно 9.122.964 денари.

Што велат податоците за „Пазар3“, уште една компанија која е позната токму по огласите кои можат граѓаните да ги постават и со кои најчесто сакат да отуѓат некој свој имот. Па така, „Друштво за посредување и услуги ПАЗАР3.КОМ ДООЕЛ, увоз-извоз Ресен“, чија официјална дејност е посредување во трговија со разновидни производи, кое исто така во приватна сопственост и кое влегува во мала компанија, сепак има 15 вработени. „Пазар3“, лани успеала да оствари 10.742.513 денари приходи, при што имала пад од 18 проценти.

Нивните расходи достигнале 8.796.591 и таму имаат намалување од 27 отсто. Вкупната добивка за минатата година на оваа компанија била 1.625.189 денари или 26 илјади евра.
Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...