13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрушката Итна помош застанала на кафе на барање на ќерката на пациентот...

Струшката Итна помош застанала на кафе на барање на ќерката на пациентот кој лежел во комбето, Меџити сепак ќе бара одговорност

spot_imgspot_img

Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе бара одговорност од Итната помош од Здравствениот дом Струга чии здравствени работници беа фотографирани како пијат кафе на бензинска станица додека пациентот во комбето ги чека со маска за дишење. Од Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити, за „Макфакс“ велат дека разговарале со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот.
Се работи за пациент кој во понеделникот беше испишан од болница и требало да биде трансфериран во Општата болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами, на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во Здравствениот дом Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејќи ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од страна на директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки“, велат од Кабинетот на министерот Меџити за „Макфакс“.

За овој случај вчера одговорност побара новинарка која на министерот Меџити му покажа фотографија од пациентот и Итната помош седната на кафе, а тој најави дека веднаш ќе го испита случајот и ќе преземе мерки.

Некои од медиумите денес јавија дека пациентот, кој бил болен од карцином, починал неколку дена откако бил пренесен во Струга, но Министерството за здравство не одговори на прашањето дали починал.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...