25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата започнува нов проект: Македонците кои емигрирале да се вратат во родните...

Владата започнува нов проект: Македонците кои емигрирале да се вратат во родните села и така да се намали иселувањето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни” и донесе Решение за формирање на работна група.

<

Проектот има за цел интегриран рурален развој. Ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. А, очекувањата од проектот се: зголемен број туристи; ревитализација на туристичката инфраструктура во руралните средини; зголемен број туристички инвестиции во руралните подрачја; промоција на алтернативни форми на туризам како: агротуризам, авантуристички туризам, гастротуризам, етно туризам, екотуризам, ловен туризам и слично; намалување на иселувања од овие рурални места.
Проектот, како што е објаснето од кај предлагачот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, има три развојни компоненти: фокус кон подобрување на јавната инфраструктура; економски развој преку подобрување на туристичкиот потенцијал во руралните средини, поддршка за локални производи и услуги, локални саеми и создавање повеќе работни места и развојот на човечкиот и социјалниот капитал, преку поддршка на рурални мрежи, граѓанското општество, обука на населението за локални водичи, заштитата на културното наследство, обичаите и традициите и руралното живеење.

Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите родни села и на тој начин намалување на иселувањето на младите и креирање зелени работни места.
Временска рамка на проектот е четири години, почнувајќи од оваа година, до 2026 година.
Извор:4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...