2.5 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто Клиниката за Онкологија ја врати сестрата крадачка на работа?!?!?

Зошто Клиниката за Онкологија ја врати сестрата крадачка на работа?!?!?

Никој не можел да ги разбере одлуките на директорот, но по три години ќе се случи уште еден инцидент и тогаш ќе се отворат сомнежите зошто се претпочита стариот примитивен рачен систем.

Во 2020 година една од медицинските сестри кои што биле задолжени за рачна подготовка на онколошката терапија за болните од канцер, била фатена како краде цитостатици. Колешка медицинска сестра ја пријавила во полициската станица Беко. Се отворила истрага, сестрата добила шестмесечна суспензија од работа. Истрагата била за кражба, но тапкала во место. По шест месеци суспензија, без утврдена законска одговорност сестрата била вратена на работа. Во ковид пандемијата работела на Инфективната клиника, ама после ковидот, вратена е повторно на работа на Клиниката за онкологија, повторно на истата функција во дневната болница, во близина на цитостатиците. Таму, во 2023 година таа ќе украде 20 цитостатици од различен вид, а полицијата ќе извести дека ги чувала во својот автомобил Рено Клио.

Вработените почнале да се сомневаат дека истрага нема да има кога сфатиле дека личноста од непознати причини е важна за највисокото раководство. Наместо да ги охрабрат вработените да пријават малверзации, директорот во присуство на вработени кажал дека сестрата е под негова заштита.

– Кога се врати во 2020 година, раководителот не собра сите и ѝ се обрати на сестрата што крадеше цитостатици со зборовите ,,јас сум ти како татко, отсега за се што е потребно мене ќе ми се обраќаш”. Сите бевме шокирани, сведочи за Слободен печат нејзина колешка присутна на чинот на враќањето од суспензијата.

Во 2023 година истата сестра е повторно фатена во кражба на цитостатици. Јавното обвинителство за Слободен печат тврди дека таа е повикана на распит, ама датумот е иден и не може да одговорат дали таа ќе се појави или не. Според нашите информации таа не е во Македонија туку во Германија.

Првото дело во 2020 година за кое уште нема судска пресуда, и е за кражба. А второто во 2023 година кога е фатена со 20 ампули од различни цитостатици, се води како послужување. Како дошло до ваков пресврт и врз кои основи, не е јасно.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...