14.9 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаРодителите на момчето кое по сообраќајката се јави на 112, бараат помош...

Родителите на момчето кое по сообраќајката се јави на 112, бараат помош за купување на лекови

Денес се вратив од аптека, лековите кои морав да ги купам за сопругот изнесуваат околу 10.000 денари, а јас тие пари ги немам. Во очајна ситуација сме, потребна ни е помош, во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Соња Тасевска од Кавадарци, мајка на осум-годишниот Душан, кој на почетокот на месецот со неговиот татко доживеа тешка сообраќајна несреќа.

За настанот се прочу во земјава, бидејќи третоодделенецот кој се наоѓал со таткото во автомобилот, пропаднат во длабока бездна, успеал да се јави на 112, бројот за итни случаи, и да ги насочи службите каде да ги бараат. Во настанот Душан се здоби со скршена рака и набиеници, а пак неговиот татко со скршен пршлен и повреди на главата.

Сега, како што појаснува мајката, и нејзиниот сопруг бил пуштен на домашно лекување, но бил неподвижен, во кревет. Таа моли за финансиска помош од хуманите граѓани, веќе по втор пат, бидејќи по првиот апел добила само донација од 3.000 денари, како и храна и играчки за детето.

-На сметка добивме само 3.000 денари, некои добри луѓе донесоа сокови, смоки и играчки за Душан. Но, веќе сме во долгови, автомобилот со кој се случи несреќата не е наш, подигнав кредит за да му ја платам штетата на сопственикот. Потребни ми се пари за лекови кои се доста скапи, оставени сме во безизлезна ситуација, сопругот во кревет, јас не знам веќе каде да се обратам. Вработена сум во фабрика за минимална плата, и сопругот е вработен во судска администрација, месечно имаме околу 40.000 денари приходи. Но, со ова што се случи, со тие пари на крај не можеме да излеземе – низ плач тврди Тасевска.

Она кое привлече внимание во случајот е што малото момче знаело на кој број да се јави и да побара помош во тие тешки моменти. Се провлече прашањето како едно осум-годишно дете го знаело бројот за итни случаи, за што мајката изјави дека во минатото имале расправии дома, па се случувало да побараат помош од службите.

Жената апелира до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании кои се во можност, да донираат на следната сметка: 300007078447675 Комерцијална банка, со назнака донација за Соња Тасевска, или пак да се јават на нејзиниот телефонски број 075 216-871, доколку сакаат лично да и однесат помош.

Вики Клинчарова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...