18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаОдбележување на 100 години македонска авијација

Одбележување на 100 години македонска авијација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На спортскиот аеродром „Стенковец“ кај Скопје денеска се одржува голем aеромитинг со кој ќе се одбележат 100 години македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на аероклубот „Скопје“ во 1923. Речиси во исто време, и Штип ги запишал почетоците на својот прв аероклуб, откако градот почнале да го надлетуваат авиони. Денеска на аеромитингот, Штип ќе учествува со три авиони.

<

Точно пред 100 години, во Штип пристигнала веста дека во мај наредната година во градот за првпат ќе долета авион. Штипјани не верувале, но рано наутро на 19 мај 1924 над градот навистина почнал да кружи еден авион, а во наредните денови и уште неколку други.

Авионите биле толку бучни што ги гледале и слушале во целата околија. По кратко време, еден од авионите атерирал на ливада кај Три Чешми, меѓу месноста Ежово Брдо и просторот каде што подоцна е изградена фабриката „Македонка“. Само што се спуштил, кај авионот се насобрале стотина луѓе, а тутунарите од околните ниви ја прекинале бербата.

Посетителите ќе можат да видат акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат акробации. Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција.

На аеромитингот ќе биде изложен и единствениот македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот Скопје „Илинденка“, кој го претставува „светиот грал“ на македонското воздухопловство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...