9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат...

Обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат ОШТЕТА од државата !!!

Обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење може да побараат и Надомест за притворот кој со запирањето на истрагата би бил неоснован. Исто така, ним треба да им бидат исплатени судските трошоци за водењето на постапките. Ова го овозможуваат измените на Кривичниот закони што стапија во сила на 15 септември, со кои се намалени казните и роковите за застарување на кривични дела за функционерите, се вели во анализата на „Призма“-БИРН.
Во анализата, од јавното обвинителство велат дека на проширен колегиум најверојатно следната недела ќе ги разгледуваат прашањата за промените на Кривичниот законик, но дека секој јавен обвинител ќе се води според индивидуалните предмети што ги застапува пред судот. Тоа значи дека таму каде што ќе биде можно, би се одело со преквалификација на делото, а онаму каде што не може, судот ќе донесе одбивателни пресуди. Вчера на пример, беше одложено судењето за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, бидејќи oбвинителот побара време да проучи како ќе влијаат измените врз овој предмет.

Иако во експресно усвоените измени во Кривичниот законик пишува дека донесувањето на Законот нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот, застарувањето на случаите ќе се плаќа токму со државни пари.

Ако сите обвинети побараат надомест за судски трошоци, вклучително и Никола Груевски за кого многу порано застаре делото примање награда за противзаконско влијание, судот нема друга опција освен да им ги досуди.

Кога ќе се донесе пресуда со која обвинет се ослободува од обвинението или пресуда со која се одбива обвинението, трошоците за кривичната постапка, трошоците што за постапката ги направил обвинетиот, како и наградата за неговиот адвокат, се на товар на државниот буџет.Така беше во случајот „Тенковски делови“, кој се влечеше по судовите повеќе од 12 години. Според анализата на „Призма“, вкупно за овој предмет судот определил од државниот буџет на петтемина обвинети да им се платат околу 40 илјади евра. Дел од трошоците се пресметани по старата адвокатска тарифа, која беше поевтина. Овие трошоци се за секое доаѓање на рочиште, потоа за состав на разни приговори, жалби, молби и слично.

Во толкав износ беше помошта што Јапонија во 2021 година ја издвои за медицинска опрема во итната помош.

Во некои од случаите, каде што обвинетите, покрај за злоупотреба на службената положба и овластување, се гонат и за други кривични дела, како на пример во „Титаник“, каде што криминалитетот е за повреда на избирачките права, тоа нема веднаш да се рефлектира со апсолутна застареност, туку со помали казни. Но, во други случаи, каде што злоупотребата на службената положба и овластување е единственото дело за кое се гонат обвинетите, ќе треба што поскоро да се констатира застареност, за да не се „билдаат“ судски трошоци за водење на кривичната постапка.

Законските измени им одат во прилог и на другите судски случаи, како „Продуцент“. Таму новинарката Ивона Талевска и поранешниот пратеник и министер Љупчо Димовски се обвинети за противзаконска исплата на пари за емитување програма на Сител. Делото, според изгласаните измени, целосно застарело во 2020 година. При донесување одбивателна пресуда, и тие ќе може да побараат државата да им ги исплати направените судски трошоци.
Извор:SDK.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...