18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаМајката на еден од обвинетите за силување на 15 годишно девојче ја...

Мајката на еден од обвинетите за силување на 15 годишно девојче ја шокираше Македонија: Ја контролирале ли родителите каде одела, со кого се дружела

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од 14-те обвинети велешани, кои се товарат по различни кривични дела за сексуалната злоупотреба на 15-годишно дете од Велес, го признал делото и Основен кривичен суд Скопје му изрече затворска казна.
Обвинетиот Р. А. (27 ) од Велес, обвинет за кривичното дело Силување од чл. 186 ст.2 вв ст.1 ја призна вината и досудена му е неправосилна пресуда од 2 години затвор. На лицето му е определен куќен притвор до правосилноста на пресудата, а за сите останати постапката продолжува со исклучена јавност по предлог на јавниот обвинител“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.
Судењето на останатите 13 лица започна на 19 септември. Тројца се обвинети за „Трговија со дете“, дел се товарат за кривично дело „Полов напад“ или „Силување“ а еден за „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Сите се на возраст од 20 до 30 години.

<


Групата била откриена откако на тетовец, во случај со дистрибуција на дрога, му бил одземен телефонот како доказно средство. Меѓу материјалите во него, била пронајдена и снимка од детето од Велес.

Првообвинетиот С. Д., дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето-жртва им овозможил на останатите обвинети и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со петнаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првообвинетиот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед. На овој начин, првообвинетиот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал кога ги притворија тогаш осомничените лица.

Членовите на семејствата на обвинетите велат дека нивните деца се жртви на завера и уцена од одредени кругови.

„Ако е така како што вели Обвинителството, одговорност треба да има и за родителите на детето. Ја контролирале ли тие каде одела, со кого се дружела, зошто доаѓала доцна дома или не доаѓала?“, вели мајка на еден од обвинетите.

Продолжението на расправите од судскиот процес е затворено за јавноста, по барање на Обвинителството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...