13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на сонцето обезбедена струја за уште 30.000 семејства

Благодарение на сонцето обезбедена струја за уште 30.000 семејства

До крајот на годината околу една третина од домаќинствата ќе биде покриена со електрична енергија од домашните фотоволтаични централи

Денеска во Новаци е пуштена во употреба најголемата фотоволтаична електрана во Европа, ФЕЦ „Новаци“. Таа е со вкупен капацитет од 55 мегавати и годишно е проектирана да произведува 85.000 мегават-часа што претставува електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства. Инвеститор е „Меј енерџи“, чија дејност е производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, а вредноста на инвестицијата е 40 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не случајно нè нарекуваат земја на сонцето и дека ова централа максимално ќе се искористи.

– Јас сум убеден дека оваа централа ќе дава 20 до 30 проценти повеќе електрична енергија од 85.000 мегават-часови затоа што нашата сончева инсолација е најдобра во светот – рече Ковачевски.

Тој рече дека и покрај тоа, во минатото не сме го користеле сонцето за производство на електрична енергија, па до 2016 година имало инсталирано само 16 мегавати на обновливи извори на енергија.

– Од првиот ден на Владата што јас ја предводам, од јануари 2022 година до денес се издадени 600 лиценци за централи на обновливи извори на енергија, со што денес на мрежа имаме 450 мегавати обновливи извори на енергија, а до крајот на годината ќе имаме 600 мегавати на обновливи извори на енергија, што е повеќе од она што го произведува РЕК Битола. Инвестиции без економска, политичка безбедност нема. Влегувањето во НАТО потврдува дека растат сите инвестиции, а особено во енергетиката – рече Ковачевски.
Тој потсети и на тоа дека по 30 години е избран инвеститор на пумпно-акумулационата централа „Чебрен“ и тоа ќе биде најголема во регион со една од најголемите брани во светот од 192 метри, што ќе се гради во наредните 7 години.

Министерот Крешник Бектеши со гордост ја покажа маичката што ја добил на подарок пред да тргне во Новаци, а на која се гледаат сонцето, ветерот и водата.

– Денеска гордо зборуваме за инсталиран капацитет од 393 мегавати само од фотоволтаици што годишно произведуваат над 610 гигават-часови што е да покриеш потреба на 190.000 семејства. Моментално има издадени лиценци од Регулаторната комисија, така што тие до крајот на годината ќе допринесат инсталираниот капацитет ќе надмине 550 мегавати само во делот на фотонапонските централи. Со овој капаците ќе се покријат повеќе од 270.000 семејства. Ако имаме предвид дека 700.000 семејства се приклучени на дистрибутивната мрежа, ова значи дека само во две години од соларната енергија ги покриваме потребите на повеќе од 30 отсто на сите наши домаќинства – рече Бектеши.

Тој посочи и дека е при крај и носењето на правилникот за воведување батерии, со што оценува дека нашата држава ќе биде лидер во регионот во делот на снабдување со електрична енергија од обновливи извори.

– Повеќето беа скептични кога ја донесовме стратегијата до 2040 година, според која треба да се изградат фотоволтаични централи со вкупен капацитет не повеќе од 1.500 мегавати. До крајот на годинава ќе надминеме 50 проценти во рок од само две години – рече Бектеши.

Градежните работи на ФЕЦ Новаци почнаа во ноември минатата година, изведбата целосно ја вршеа македонски компании по надзор на консултантски фирми и стручни лица, кои повеќе од 2о години се занимаваат со оваа дејност.

– Нескромно сакам да потврдам дека веќе сме лидери во регионот по примената на најсовремените еколошки стандарди, нормативи и проекти за производство на енергија од обновливи извори – рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Шевкет Демировски, генерален инвеститор на „Меј енерџи“, им се заблагодари на вработените што го реализирале овој проект.

Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...