19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаСветПензионери од Австралија резервирале 500 дена крстарење, бидејќи било поевтино од престој...

Пензионери од Австралија резервирале 500 дена крстарење, бидејќи било поевтино од престој во пензионерски дом

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марти и Џес Ансен од Австралија решиле да резервираат 51 последователно крстарење бидејќи оваа опција, како што тврдат, била поевтина од плаќање на пензионерски дом.

<

Тие заминале на нивното прво крстарење во јуни 2022 година. Останале на Princess Cruises Coral Princess повеќе од 450 дена – подолго од повеќето членови на екипажот, вклучувајќи ги и капетаните. Очекуваат да останат на него две години.

-Каде на друго место можете да одите на вечера, шоу и танц? Ги имате сите овие активности во еден ден овде, рече Џес во „A Current Affair“.

Марти изјавил дека сега не мора сами да перат алишта, да го местат креветот и да вршат други слични активности.
Мислам дека заборавивме да ги правиме овие работи бидејќи не ги направивме долго време, па сега мораме да останеме на бродот за крстарење за да преживееме, рече тој.

Менаџерот на хотелот Рен ван Ру изјавил дека сите овде ги знаат и дека имаат статус на познати личности. Секако, тие не планираат да престанат со овие авантури и наскоро ќе резервираат уште едно крстарење. Членовите на семејството ги гледаат кога застануваат на пристаништата во близина на нивните домови.

„Тоа е убав живот“, додаде Марти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...