4.9 C
Ohrid
вторник, април 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЗА ШЕФ НА ПРЕМИНОТ БЛАЦЕ МВР ПОСТАВИЛО РЕНТГЕНОЛОГ

ЗА ШЕФ НА ПРЕМИНОТ БЛАЦЕ МВР ПОСТАВИЛО РЕНТГЕНОЛОГ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицаец со високо образование кој е заменик – генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата, ги пријавил директорот на Бирото за јавна безбедност, како и Министерството за внатрешни работи дека сториле директна дискриминација врз него, кога на огласот за раководител на полициската станица Блаце, место него со соодветна диплома, стаж и искуство, назначиле колега со медицински факултет-рентгенолог- јавува Сдк.Мк

<

„Се утврдува директна дискриминација врз пријавителот од Скопје, заменик – генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата, врз основа на личен или општествен статус – стекнато образование, во областа на работата и работните односи, сторена од претседателот на комисијата за распоредување и унапредување на полициски службеници при Министерството за внатрешни работи, директорот на Бирото за јавна безбедност и од страна на Министерството за внатрешни работи“, стои во мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од 14 септември.

Комисијата вели дека подносителот на претставката од 2018 година континуирано бил дискриминиран. Како што критикувал на прес-конференции како заменик-генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата, така бил преместуван со работата, оддалечуван и деградиран со платата.

„Подносителот наведува дека на 24 декември 2018 година, само два дена по неговиот избор за помошник-генерален секретар, и по одржана прес-конференција на која укажал за недостигот на униформи во полицијата, врачено му е решение за прераспоредување: од ПС Аеродром каде што работел, во ПС Блаце, за да патува секојдневно по 110 километри. Се водел во ПС Аеродром, до 2022 година. Барањата за прераспоредување, му биле сите до едно отфрлени“, се наведува во образложението за утврдената дискриминација.

Секоја прес конференција на подносителот на претставката со критики, овојпат за распоредување во МВР на кадар со несоодветно образование, била нова беља за него.

„Во декември 2021 година подносителот одржал прес-конференција на која укажал на долгогодишниот проблем во МВР за распоредување со несоодветно образование на работните позиции според актот на систематизацијата на МВР. Кратко по одржаниот прес, тој добил ново решение за прераспоредување на работно место полицаец – администратор во ПС Блаце, со што неговата плата се намалува за 10.000 денари месечно“, продолжува Комисијата за дискриминација.

Тој го почитувал прераспределувањето на Блаце. Си си одел на работа и бидејќи исполнувал услов, имал диплома од Правен факултет со стекнати 300 кредити плус положен правосуден испит, на 16.02.2023 година конкурирал на оглас за работно место Инспектор раководител на смена во ПС за граничен надзор Блаце. На огласот било наведено дека за ова работно место се бара лице со завршени економски, правни науки или безбедност.

Но, на конкурсот било избрано лице со завршен Медицински факултет – студии по радиологија, со стекнати 180 кредити.

Комисијата која одлучувала, БЈБ и МВР негирале пред Комисијата за дискриминација дека синдикалните активности на пријавителот биле услов, т.е. пречка за унапредување.

„МВР не испрати ниту еден доказ, аргументација од која може да се утврди дека подносителот на претставката не бил ставен во понеповолна положба од избраниот кандидат“, вели Комисијата за дискриминација.

Членот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзароски кој го водел предметот, напиша препораки до МВР итно да го поништи дискриминирачкиот оглас и да ја повтори постапката. Писмено да ја извести Комисијата во рок од 60 дена.

Бејзароски на комисијата за распоредување и унапредување полицајци при МВР, ѝ налага во иднина да ги почитува условите наведени во огласите и да се воздржи од дискриминирање.

С. К. ДЕЛЕВСКА Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Честитка на градоначалникот Пеаков по повод Меѓународниот ден на ромите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов. –...

Гоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем...

Детали за убиството во Крива Паланка: Го разбудиле со изговор дека ќе купуваат ракија, па со мотика го удриле по главата, па потоа го...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како...

“Побарал 20.000 евра”- Директорот на Геријатрија приведен под сомнение дека зел мито.

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Се шпекулира за сума...