19.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаКупувањето и на стари половни автомобили станува луксуз за граѓаните

Купувањето и на стари половни автомобили станува луксуз за граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Купувањето и на стари половни автомобили станува луксуз за граѓаните- цените на данокот за увоз на автомобили во земјава е предвидено двојно да се зголеми. Ако досега за возило до 10.000 евра не се плаќаше данок, сега тој ќе изнесува 1%. Двојно ќе се зголеми давачката и за оние возила кои повеќе загадуваат.

<

Ова стои во Уредбата изработена од министерството за финансии и царина, за која ќе се консултираат во понеделник со увозниците, а во вторник веќе е предвидено да се најде на владина седница.

Но како ова ќе влијае на бизнисот и потрошувачите?

Увозниците на моторни возила велат, ова ќе се одрази и на нивниот џеб, но и на граѓаните. И онака после некулкуте светски кризи побарувачката за автомобили е намалена, сега повторно нови посакапувања на автомобилите. Велат, Македонија има највисоки цени за продажба на возила во цела Европа.

Од министерството за финансии им испратиле допис до увозниците дека по сеопфатни дискусии направени за измени во Уредбата за начинот на пресметка на данок на моторни возила, според WLTP методата, во рамки на проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторни возила, изработиле нови табели со нови цени, и ги викнаа увозниците во понеделник на финални консултации.

Од царина пак велат, измените се уште се изработуваат, но се во согласност со регулативата на ЕУ.

Предлог текстот за измени се уште е во работна верзија.Закажан е работен состанок во понеделник во министерството за финансии, за финализирање на измените на кои се поканети претставници од увозниците преку стопанските комори. Измените на Уредбата се со цел заштита на животната средина и се во согласност со зелената агенда и регулативата на Европската унија. – велат од Царинаската управа за Сител.

Инаку, WLTP е метода која постои од 2017 година, а ја мери потрошувачката на гориво и какви издувни гасови испушта автомобилот во средината, за која во светот постојат строги ограничувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...