-2.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПодмладокот на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ” по стапките на Парулеска, освои...

Подмладокот на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ” по стапките на Парулеска, освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали

Подмладокот на Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ” по стапките на Христијана Парулеска. На одржаниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ПЛЕВЕН 2023” за деца до 14 години кој се одржа во Плевен, соседна Бугарија, со само една дисциплина спаринг –борби, освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. На овој натпревар учествувaa 21 клуб со околу 300 натпреварувачи.

Нашиот клуб учествуваше со 5 млади натпреварувачи под водство на Давид Крстески кој е репрезентативец на М.Т.Т.Ф. еден од најдобрите и најтрофејни натпреварувачи и имаше чест да одбери натпреварувачи што ќе не претставуваат, со што покажа уште еден негов квалитет. Неговите избраници не израдуваа со 1 златен 1 сребрен и 2 бронзени медали што е повеќе од одличен успех за нашиот клуб, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.

Напоменува дека Бугарската Федерација е една од десет најдобри федерации во светот со што изобилува со врвен квалитет на натпреварувачи, додавајќи дека тоа било мотив повеќе да покажат дека и нивните натпреварувачи можат да се носат рамо до рамо со најдобрите.

Иако бевме скептици за овај натпревар бидејќи нашите млади натпреварувачи го немаат искуството спрема нивната конкуренција, можеме да се пофалиме дека и во нив имаме потенцијални врвни натпреварувачи , што ни приредија пријатно изненадување освојувајќи 4 медали, додава Лазаревски.

Миа Танеска, на која и е идол Христијана Парулеска, се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години + 50 кг, освојувајќи го првото место, со што покажа дека е доследна на својот идол.

Посебно изненадување на сите присутни на овај натпревар направи Давид Ристески, кој се натпреваруваше во категорија машки 10-11 години -55 кг. Иако најнизок во својата категорија покажа невидена храброст и пожртвуваност со што доби овации од цела сала, победувајќи во ¼ финале и ½ финале со технички нокаут, додека во финале загуби од многу повисок противник со што се закити со сребрен медал.

Стефан Чулчески кој се натпреваруваше во категорија машки 10-11 години -55 кг, кој беше во иста категорија со Давид Ристески и, беа најниски во категориите, во ½ финале загуби од шампионот во неговата категорија со што се закити со бронзен медал.

Бојана Китаноска се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години -30 кг, освојувајќи го третото место, додека Анастасија Трифуноска во категорија девојчиња 12-13 години -50 кг, загуби во ¼ финале поради негативни поени, и за жал не успеа да се закити со медал.

Ова беше одлично искуство за нашите млади натпреварувачи, потенцира Лазаревски упатувајќи благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт за нивната несебична подршка, ветувајќи дека ќе работааат уште понапорно за да изградат врвни натпреварувачи и од овие млади надежни шампиони.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани и гостите згрозени: Возрасен маж врши физиолошки потреби во Охридското Езеро.

Денес охриѓани и гостите кои го искористија прекрасното сонце за прошетка по кејот на Охридското езеро беа сведоци на една грда слика. Возрасен маж сред...

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници, пишува Скопје 1. Засега не е позната...

ФОТО: Камион цистерна удри три возила во Кичево

Попладнево во Кичево на магистраниот пат се случила сообраќајна несреќа во која учествувале камион и три патнички возила. Како што пренесува репортерот на ТВ21 камионот...

Ништо од „стариот“ Тајсон: Борбата со Пол беше – циркус и шоу за многу пари

Легендарниот Мајк Тајсон по 21 година се врати во рингот и тоа против Џејк Пол кој е триесет години помлад јутјубер, но веќе неколку...